in

Монасите не можат да продадат сирењето! Се обидовме да им објасниме на кравите да произведуваат помалку млеко, но тие не не разбраа!

Француските монаси во манастирот Сито Абеј, недалеку од Дижон во Бургундија, започнаа итна продажба на интернет на нивните надалеку познати сирења, кои не успеаја да ги продадат поради намалена побарувачка за време на пандемијата на вирусот корона.

Добро познатото монашко, полутврдо сирење Абе де Сито беше продавано на подобри ресторани и посетители на манастирите пред пандемијата, но поради рестриктивните анти-епидемиски мерки и намалената побарувачка, монасите останаа со повеќе од 4.000 прстени на залиха или 2,8 тони непродадено сирење.

“Се обидовме да им објасниме на нашите крави и имаме 75 од нив дека треба да произведуваат помалку млеко, но очигледно не разбраа. Продажбата е намалена за 50 проценти и ние мора да ги распродаваме нашите залихи”, рече монах Жан-Клод, одговорен за маркетинг во овој манастир основан во 1098 година.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote