in

УШТЕ ЕДНА МИСТЕРИЈА: Се појави трет МОНОЛИТ!

Трет мистериозен метален монолит се појави, овој пат на врвот на една планина во малото гратче Атаскадеро кое се наоѓа во Американската држава Калифорнија. Ова необично откритие доаѓа само неколку денови по пронаоѓањето на првиот монолит кој беше лоциран во пустина во Јута.

Монолитот во Калифорнија беше пронајден од група на планинари во Планините Пајн. Монолит исто така направен од метал се појави и во едно село во Романија само пред 2-3 дена, а потоа тој мистериозно исчезна исто како што исчезна монолитот во Јута.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote