in

МИСТЕРИОЗНО: Пронајден уште еден монолит! Овој пат во Романија

Метален монолит идентичен на оној кој неодамна беше пронајден во Американската држава Јута, беше пронајден на висорамнина во Романија на саму неколку метри од шумата која има богата историја. Структурата беше пронајдена во градот Пијатра Неамт кој се наоѓа во југо-источна Романија. Надлежните не знаат како тој се нашол тука и покренаа истрага за да дознаат повеќе детаљи за монолитот.

Монолитот, кој е од висина на 4 метри, беше пронајден блиску шумата Пијатра Дачиа која е позната по нејзините археолошки истражувања. Монолитот беше на само неколку метри од шумата и беше свртен кон планината Челхау, која на локалното население е позната како „Света Планина“.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote