in

ЧУДО НА ПРИРОДАТА? Метален монолит меѓу црвените карпи во Јута, не е познато од каде дошол таму!

Длабоко во непристапниот црвеникав пустински пејзаж, сличен на Марс, во американската држава Јута, постои мистерија: сјаен метален монолит. За време на хеликоптерската патрола е пронајдена мазна, висока конструкција, соопштија властите.

Екипажот на Одделот за јавна безбедност и Одделот за извори на диви животни од Јута на 18 ноември забележал блескав предмет од воздухот и слетал за да го провери.

Откриле дека тристраниот предмет од не’рѓосувачки челик бил висок нешто помалку од четири метри и цврсто закопан во земја. Но, тие не најдоа трага за тоа кој можеби го внел во карпестата земја меѓу брановидните црвени карпи или зошто го сторил тоа.

„Ова нешто не е од друг свет“, убеден е поручникот Ник Стрит од патролата на Одделот за јавна безбедност во Јута.

Сепак, јасно е дека било потребно планирање и работа да се изгради монолит од скоро четири метри, да се донесе и да се закопа во карпа.

Местото каде што е монолитот е толку далеку, што полицајците не го откриваат, загрижени дека љубопитните може да отидат да го видат и да се изгубат и тие треба да бидат спасени.

Иако е светла и сребрена, монолитот по изглед и позиција наликува на црно од филмот на Стенли Кјубрик „2001: Вселенска одисеја“.

Иако може да се каже дека станува збор за уметнички предмет, тој беше незаконски поставен бидејќи за тоа не беше побарана дозвола од федералната влада на САД, која е сопственик на јавното земјиште.

Службениците од Бирото за управување со земјиште истражуваат колку долго е таму, кој можел да го направи тоа и дали треба да се отстрани.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote