in

Судот во Москва го казни Twitter!

Окружниот суд во Москва денеска го казни Twitter со скоро 100.000 евра затоа што неговото раководство одби да ги отстрани поканите за малолетници за учество во демонстрациите по повод апсењето на опозицискиот лидер Алексеј Навални

На компанијата и беа испратени 28.000 барања за отстранување на спорните објави, но тие не беа целосно исполнети. Поради тоа, брзината на Twitter е ограничена во Русија од 10 март и се заканува целосно блокирање на мрежата доколку не започне да го почитува законот.

Според новинската агенција Интерфакс, судот планира да донесе слични пресуди против Facebook, засновани на обвинувања изнесени од рускиот регулатор на медиуми Роскомнадзор. Руските судски власти ги обвинуваат соработниците на Навални дека ги поканија малолетниците да присуствуваат на нелегални собири преку социјалните мрежи, а критичарите на владата ја доживуваат заканата и казната на Twitter како обид за ограничување на правото на слобода на изразување на социјалните мрежи.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote