in

Москва започна со масовна вакцинација против Ковид-19

Москва денеска започна да ги дистрибуира своите вакцини Sputnik V против Ковид-19 преку 70 клиники. Ова ја означува првата масовна вакцинација во Русија против таа болест, соопштија од градската работна група против корона вирусот. Работната група изјави дека вакцината ќе биде достапна најпрвин на медицинските лица, наставниците и социјалните работници.

Москва, која е епицентар на корона вирусот во Русија, забележа преку 7,993 нови случаи вчера, тоа е околу 1100 повеќе случаи од денот претходно. Вакцината ќе се прима во два наврати, односно втората доза се прима 21 дена по примањето на првата.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote