in

Мост долг 200 метри се преместува од едниот до другиот крај на Ротердам! [ВИДЕО]

Официјални лица од холандското Министерство за транспорт се пофалија дека успешно започнале со поместување на привремениот мост.

Конструкцијата долга 200 метри се преместува низ центарот на Ротердам на нова локација во градската индустриска зона.

Мостот, долг 200 метри, висок 40 и широк 20 метри, со трактори се пренесува на локацијата покрај мостот Сурхоф, која во моментов се реновира, пренесува порталот Холандски вести.

Сурхоф е важна врска помеѓу градот и пристанишната област на најголемото холандско пристаниште.

Транспортот на конструкцијата продолжува, а привремениот мост ќе биде на ново место, на понтоните, подготвен за употреба во текот на ноќта на 14 мај.

“Планирање на целиот процес и преместување на мостот, како и поставување на конструкцијата на посакуваната локација зависи од многу фактори – временски услови, плима и осека. Затоа, промената на плановите може да се случи во еден момент”, изјави Секторот за транспорт и водни патишта .

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote