in

Мурињо го „боцна“ Тотнем: Освоив 25 ипол трофеи во мојата кариера!

Новиот менаџер на Рома, Жозе Мурињо изјави дека во неговата кариера освоил 25 ипол трофеи.

Портигалскиот менаџер од следната сезона ќе ја води Волчицата и во својата кариера официјално освоил 25 трофеи. Минатата сезона стигна до финалето на Карабао купот со Тотнем, но шест дена пред натпреварот беше отпуштен.

„Јас сум човек што кога ќе си замине од некој клуб, ја затворам вратата и им посакувам на сите се најдобро. Но би рекол дека во мојата кариера имам осовени 25 ипол трофеи бидејќи минатата сезона не добив право да го играм финалето до коешто јас лично стигнав“ изјави Жозе.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote