Португалскиот стратег Жозе Мурињо повторно го привлече вниманието на медиумите со неговата изјава. Пред натпреварот со Ливерпул, Мурињо изјави дека го почитува неговиот колега Јурген Клоп, но не е негов пријател.
„Не сум пријател со Клоп, бидејќи не го познавам доволно. Кога познавате некоја личност тогаш можете да кажете дали ви е пријател или не. Со Клоп поминувам кратко време обично по натпреварите. Можам да кажам дека го почитувам и немам проблем со него“ изјави Мурињо.
Коментари
Loading…