in

Мурињо сака да ја појача бековската позиција во Рома! Солуцијата ја најде во Реал Мадрид!

Бекот на Рома, Леонардо Спинацола кој блесна на ова Европско првенство заработи повреда на Ахиловата тетива во натпреварот со Белгија и ќе мора да паузира подолг период.

Новиот тренер на Волчицата, Жозе Мурињо веднаш почна со потрага за замена на неговиот бек и спорен најновите информации тој веќе го има пронајдено одговорот. Според медиумите, Мурињо сака да го ангажира искусниот Бразилец Марсело од Реал Мадрид.

Спинацола се повреди за време на мечот со Белгија во кој Италија победи со 2-1 и се пласираше во полуфиналето. Откако беа извршени потребните прегледи, се дозна дека Италијанецот ќе мора да паузира околу 6 месеци.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote