Постои можност носењето заштитни маски следната зима да биде потребно во одредени услови, со цел да се продолжи со одбраната од инфекција со коронавирус, изјави главниот научен советник на Владата на Велика Британија, Патрик Валенс.
„Можеби ќе биде потребно следната зима да има мерки како што е носење маска во одредени ситуации“, изјави Валанс пред новинарите во Лондон.
Водечкиот американски експерт за заразни болести, д-р Ентони Фаучи, вчера изјави дека постои можност Американците да мора да носат маски и во 2022 година, но дека мерките воведени поради kovid 19 ќе бидат поблага заради напредокот во кампања за вакцинација.
Коментари
Loading…