in

МОЖЕБИ НЕ СМЕ САМИ! Постојат најмалку 300 милиони потенцијално населени планети во Млечниот пат!

Телескопот Кеплер помина девет години набудувајќи го космосот.

Тој успеа да идентификува илјадници егзопланети, а во 2018 година остана без гориво. Се поставува ново прашање – за колку од нив е можен живот?

Нашата галаксија има многу потенцијално населени планети, НАСА тврди најмалку 300 милиони. Низ целиот свет, научниците ги разгледаа извештаите на Кеплер и се чини дека тие сега постигнаа барем одреден консензус.

Имено, The Astronomical Journal објави дека во Млечниот пат има околу 300 милиони потенцијално населени планети, на кои може да има вода за пиење. Се разбира, ова се само приближни проценки и како што велат од агенцијата НАСА, може да има многу повеќе.

Некои се прилично блиску до нас (се разбира според вселенските стандарди), така што е најблиску 20 светлосни години од Земјата.

Иако овој број на планети не е конечен, а водата на површината е само еден од многуте фактори што ја прават планетата погодна за живеење, многу е возбудливо што знаеме дека постојат такви светови – рече Стив Брисон од агенцијата НАСА.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote