in ,

ТаженТажен

Мурињо: Подобро да изгубиме со 4-0, отколку четири натпревари 1-0

Рома имаше фантастичен старт на новата сезона со три победи и реми кај Јувентус, па нивниот тежок пораз во Удине е непријатно изненадување за тимот на Мурињо.

Тимот на Рома се посрамоти на вечерашното гостување во Удине кое го заврши со пораз од 4-0.

„Моето објаснување е дека тоа беше тежок меч, тежок противник кој знае да игра вакви натпревари. Не можете да си дозволите да имате негатива во вакви натпревари, кога ќе се случи тоа тие се бранат многу добро и одат на контри, можат да го контролираат темпото со правење на тактички фаули, па ако тие први поведат, тогаш сте во неволја“, вели Мурињо.

„Имавме добра шанса рано во мечот преку Пауло Дибала, кој настрана од резултатот според мене беше најдобар играч на теренот, но потоа се беше во нивни раце. Секогаш кога Удинезе ќе отидеше во контра, примавме гол“.

„Ќе речам дека преферирам да изгубам еден меч со 4-0, отколку четири меча со 1-0, така губиме само три бода, наспроти 12“.

„Тешко е ова за нас и за фановите да го сварат, но тоа е животот, во четврток имаме друг натпревар и одиме понатаму“.

„Кога ќе загубите со 4-0 не можете да зборувате за судијата, но кога слушнавме дека тој ќе биде судија на натпреварот, знаевме дека тој е перфектен судија за тим како Удинезе кога игра на домашен терен“.

„Од 45 минути се играше 20 минути. Ова е школо за фер-плеј, и јас би сакал да имам такви собирачи на топки на нашиот стадион. Навистина, честитки за нив, тие играат така, ние играме поинаку, ќе се сретнеме повторно во текот на сезоната“.

Рома во четврток гостува на Лудогорец во меч од Лига Европа.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote