in

МУРИЊО ВО НЕГОВ СТИЛ: НЕ РАЗБИРАМ КАКО КЛОП ЈА ДОБИ НАГРАДАТА!

На никому не му е јасно како стратегот на Баерн Минхен, Ханс Флик, не ја доби наградата за најдобар тренер на светот.

Во четвртокот втора година по ред Јирген Клоп ја доби наградата од ФИФА, „The Best“, за најдобар тренер во 2020.

И самиот менаџер на Ливерпул беше изненаден од ваквиот избор, па на доделувањето на наградите, кое се одржа преку видео конференција, истакна дека не се смета за најдобар и дека не му е јасно како Флик не победи.

Со тоа се согласува и менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо кој во средата малку го провоцираше за време на дербито помеѓу Ливерпул и Тотенхем (2:1), коментирајќи дека подобриот тим загуби, а после тој натпревар продолжи со лесното препукување со Германецот.

„Не разбирам како ја прими наградата. Баерн ги освои Бундеслигата, Лигата на шампионите, Купот на Германија, европскиот Суперкуп и Суперкупот на Германија. Кутриот Ханси Флик. Единствената шанса тој да ја освои таа награда е да измисли уште две натпреварувања за да може и Баерн да ги освои. Можеби тогаш ќе дојдеше до признанието – рече Мурињо.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote