in

ИЛОН МАСК СТАНА ВТОР НАЈБОГАТ ВО СВЕТОТ! Бил Гејтс сега е ТРЕТ!

Илон Маск е вториот најбогат човек во светот сега, откако успеа да го престигне основачот на Microsoft, Бил Гејтс. Оваа вест доаѓа само неколку дена откако Маск успеа да го престигне Марк Зукерберг на листата на најбогати луѓе и стана трет најбогат. Сега пред него се наоѓа само извршниот директор на Амазон, Џеф Безос. Ова е неверојатен напредок на Маск на листата на најбогати луѓе откако беше рангиран како 25ти најбогат во Јануари од Bloomberg Billionaires Index.

Неговата вредност сега се проценува на 127.9 милијарди долари, а неговата вредност се зголеми за 7.2 милијарди долари откако продаде акции од неговата компанија за електрични автомобили Тесла. Маск сега е сопственик на 20% од акциите на Тесла и не е некое изненадување што се наоѓа на втората позиција на листата на најбогати луѓе.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote