Во Грција се откриени првите четири случаи на новиот вид на коронавирус кај луѓе кои неодамна пристигнале од Велика Британија
Официјален претставник кој сакаше да остане анонимен изјави дека тие лица се наоѓаат во карантин, пренесува Ројтерс.
Се смета дека новата мутација на коронавирус откриена во Велика Британија, која се прошири низ целиот свет, е многу позаразна од претходните.
Грција денес влезе во построг рестриктивен режим во борбата против вирусот корона, кој ќе важи до 10 јануари.
Мерките вклучуваат полициски час од 21 часот до 5 часот наутро, прекин на нарачките преку Интернет во малопродажните места и затворање на продавници како што се фризерници и салони за убавина.
Коментари
Loading…