Археолозите тврдат дека во останките од бродот „Грибшунд“ кој потонал пред 500 години и му припаѓал на кралот Ханс – тогашен крал на Данска и Норвешка, пронашле добро сочувани зачини – од шафран, зрна бибер до ѓумбир. Бродот потона во 1945 година во Балтичкото Море во близина на брегот на шведскиот град Ронеби, пренесува британски „Ројтерс“.
Се верува дека потонал откако на него избувнал пожар кога кралот бил на пат на важен состанок во Шведска. Спортските нуркачи го пронајдоа потонатиот брод во 60-тите години на минатиот век. За време на претходните истражувања беа пронајдени големи предмети, како што се дрвени скулптури за кои екипажот веруваше дека ги штитат од несреќата.
Истражувањето, предводено од археологот Брендан Фоли од шведскиот универзитет Лунд, ги откри зачините што лежат под калта.
Archaeologists say they have uncovered a "unique" cache of well-preserved spices, from strands of saffron to peppercorns and ginger, on the wreck of a royal ship that sunk off Sweden's Baltic coast more than 500 years ago. https://t.co/ncWIMlBHiF
— Reuters Science News (@ReutersScience) March 4, 2023
„Балтикот е чуден, има ниско ниво на кислород, ниска температура, ниска соленост, толку многу органски нешта се добро сочувани, што не би било случај во ниту еден светски океан. Но, да се најдат зачини како овој е сосема невообичаено“, рече Фоли. .
Зачините беа симбол на висок статус, бидејќи само богатите можеа да си дозволат шафран или каранфилче, кои беа увезени надвор од Европа. Истражувачот од Универзитетот Лунд, Микаел Ларсон, истакна дека ова е уникатно археолошко откритие.