in

На Олимписките игри во Токио ќе можат да присуствуваат 10 илјади навивачи

На Олимписките игри кои ќе се одржат ова лето во Токио ќе можат да присуствуваат само 10 илјади домашни навивачи на сите настани.

Тоа ограничување дојде откако властите се одлучија да пуштат само 50 проценти од вкупните капацитети на стадионите, или пак максимум 10 илјади навивачи.

Еден од најпознатите доктори во државата, Шигеру Оми изјави дека Игрите треба да се одржат пред затворени врати и одржувањето на ОИ го нарече ненормално за време на пандемијата.

Нема да смеат да присуствуваат навивачи од странство бидејќи патувањето беше забрането уште од порано.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote