in

Начо останува во Реал до 2023 година!

Реал Мадрид му го продолжи договорот на Начо до летото во 2023 година.

31 годишниот дефанзивец ја продолжи соработката со Реал Мадрид и ќе остане уште барем две години на Сантиаго Бернабеу. Тоа се одлични новости за Реал Мадрид откако Реафаел Варан изјави дека сака да си замине.

Кралскиот клуб со соопштение на својата веб-страна ги известија своите навивачи: „Реал Мадрид и Начо Фернандез се договорија да ја продолжат соработката и со новиот договор играчот се обврзува да игра до 30 јуни, 2023 година“.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote