in

ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ?! Начинот на кој ги миете забите може да ги оштети!

Кога агресивно ги миете забите, емајлот на забот може да се оштети, поради што забите можат да станат чувствителни, а реакцијата на топло и студ е првиот показател.

Како резултат на грубо четкање, може да се појават следниве проблеми:

Непцата се повлекуваат

Секој заб е заштитен со забната глеѓ, најтенкиот и најтврдиот површински слој на забот, кој може сериозно да се оштети со прекумерно четкање. Оштетувањето на емајлот на забот може да доведе до повлекување на непцата, изложувајќи го забниот корен на опасност.

Според стоматолозите, околу 10 до 20 проценти од светската популација ги оштетила непцата со прекумерно четкање, најчесто со употреба на тврди четки за заби и високо абразивни пасти за заби.

Забите стануваат преосетливи

Кога емајлот на забот е оштетен, забите можат да станат преосетливи, но исто така можат да ја променат бојата.

Ако чувствувате болка кога пиете ладни или топли пијалоци или грицкате потешка храна, тогаш е време да го посетите стоматолог.

Делот од забот во близина на непцата не е сјаен и нема светла боја

Причината зошто делот од забот долж непцата е малку потемен од остатокот на забот е тоа што тие не се заштитени со емајл на забите. Кога непцата ќе почнат да се повлекуваат, делот од забот што е видлив има потемна боја и е многу почувствителен.

Без забната глеѓ што ги штити, тие се изложени на сите видови бактерии. Значи, проблемот оди сè подлабоко, загрозувајќи го целокупното здравје на усната шуплина.

Искористена четка
Абразијата со четка за заби е најчеста причина за абење на забите, што значи дека многу луѓе ги мијат забите на погрешен начин. Ова се случува затоа што се става премногу притисок врз забите, најчесто со четки со тврди влакна, пишува Bright Side.

Четката за заби треба да има меки влакна, сметаат стоматолозите, а притисокот врз забите мора да биде умерен.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote