in

Повеќе од 20 илјади луѓе, сите со примена вакцина, присуствуваа на концертот на Foo Fighters во Њу Јорк!

Илјадници љубители присуствуваа на концертот на популарниот бенд Foo Fighters кој се одржа во Медисон Сквер Гарден во Њу Јорк.

Бројот на посетители на сите настани беше лимитиран повеќе од една година во САД, но во неделата, повеќе од 20 илјади посетители присуствуваа на концертот без никакви рестриктивни мерки.

Концертот беше одобрен откако повеќе од 70% од возрасните во Њу Јорк примија барем една доза од вакцината. Гувернерот на државата изјави дека е време полека да се дозволуваат посетители на сите настани во полн капацитет.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote