in

Надал ќе го пропушти Ротердам!

Сепак, Рафаел Надал нема да учествува на турнирот во Ротердам следната недела. Шпанецот се повлече поради проблеми со грбот, кои го мачеа и на Австралија опен.

Сопственикот на 20 грен слем титули беше назначен за прв носител. Со повлекувањето Данил Медведев доби статус на главен фаворит. Се очекува Надал да биде подготвен за турнирот од Мастерс серијата во Мајами.

Отсуството на Шпанецот во Холандија ја отвори одличната можност на Медведев да го престигне Надал на АТП-листата. Доколку Русинот стигне до финалето, тој ќе го заземе второто место од 8 март. Пред него ќе биде само Новак Џоковиќ, кој неодамна го победи во финалето на Австралија опен со 3:0 во сетови.

Покрај Медведев, во Ротердам ќе играат Стефанос Циципас, Андреј Рублев, Гаел Монфис, Денис Шаповалов, Баутиста-Агут.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote