in

Надал нема да настапи на Вимблдон и на Олимписките игри

Третиот светски рекет, Рафаел Надал се повлече од гренд слем турнирот Вимблдон и од Олимписките игри во Токио.

Дваесеткратниот гренд слем шампион, којшто го освои Вимлдон во 2008 и во 2010, изјави дека причината за повлекувањето е закрепнување од долгата сезона.

„Никогаш не е лесна одлука да се повлечете од турнири од овој калибар, но после дискусија со моите доктори одлучив да го послушам моето тело и да направам пауза. Верувам дека ова е добра одлука.“ изјави Шпанецот.

„Мојата цел е да ја продолжам мојата кариера, бидејќи играњето тенис ме прави многу среќен“ дополни Рафа.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote