Еден од најдобрите тенисери во историјата, Рафаел Надал ја доби наградата најдобар спортист на годината.
Наградата му ја додели спортскарта академија Лауреус, а освојувањето на неговиот 13. Ролан Гарос во кариерата беше доволен за да го направи Шпанецот победник на оваа награда. „Никогаш нема да го заборавам освојувањето на 13. Ролан Гарос титула и изедначувањето со најмногу освоени грен слем титули со Федерер“ изјави Надал.
За најдобра спортистка беше прогласена колешката на Надал, Наоми Осака. Осака го освои УС Опен два пати во изминатите три години, а и активностите надвор од тениските терени ја направија сериозна кандидатка.