in

Надал оди понатаму, Рублев испадна од Ролан Гарос!

Третиот рекет во светот, Рафаел Надал успеа да напрадува во следната фаза од Ролан Гарос откако „го реши“ Алексеи Попирин.

Шпанецот, 34, ја продолжи својата рекордна низа на 14 победи на грен слемот кој се одржува во Франција со победа во три сетови со резултат 6-3 6-2 7-6(7-3). Надал се намачи во последниот сет, но успеа да ја зграпчи победата.

Русинот Андреј Рублев, кој е рангиран на седмата позиција на АТП листата, испадна од турнирот откако беше поразен од Германецот Страф. Поразот на Рублев значи полесен пат за Надал кон финалето на овогодишниот Ролан Гарос.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote