in

Надал десети пат шампион во Рим!

Рафаел Надал стигна до својата десета титула во Мастерсот во Рим, откако беше подобар од Ѓоковиќ.

Во битката којашто траеше скоро 3 часа, Шпанецот забележа победа над Новак Ѓоковиќ во три сета со резултат од 7-5 1-6 6-3. Надал во првиот сет ги искористи грешките на Србинот и стигна до водство од 1-0.

Ѓоковиќ веднаш одговори во вториот сет со убедливи 1-6. Но тоа не беше доволно да се урне легендарниот Рафа, бидејќи третиот сет му припадна на него и стигна до нов трофеј во неговата богата кариера.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote