in

Награда од 500 илјади долари! Украдени кучињата на Лејди Гага!

Кучињата на познатата пејачка Лејди Гага беа киднапирани а личноста која ги шеташе кучињата е застрелана.

Рајан Фишер, кој ги шеташе кучињата на Лејди Гага во Холивуд, беше повреден кога еден осомничен пукаше со својот полуавтоматски пиштол. Потоа, Рајан бил пренесен во болница.

Пејачката, чие вистинско име е Стефани Германота, но го користи името Лејди Гага, најави дека ќе им даде награда од 500 илјади долари на оние кои ќе ги вратат нејзините две украдени кучиња, Коџи и Густав.

Мис Азија, третото куче кое беше киднапирано за време на инцидентот, подоцна беше пронајдено од полицијата.

Прес претставникот на Лејди Гага, ги замоли оние кои знаат каде се кучињата да го исконтактираат.

Полицискиот оддел во Лос Анџелес трага по осомничениот за кој се смета дека избегал со автомобил. Не е познато дали кучињата на Лејди Гага биле намерно насочени во нападот.

Француските булдози се продаваат во САД за цена од 2-10 илјади долари.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote