in

ПОМАЛКУ ЧУДНО! Тие го наградуваат секој што ги пријавува оние што не биле тестирани за короната!

Град во северна Кина нуди награда од 500 јуани (77 американски долари) за секој што пријавил сограѓанин кој неодамна не бил тестиран за вирусот корона.

Понудата од властите во Нангонг доаѓа во моментот кога се тестираат милиони во градот и неговата провинција Хебеи, како дел од напорите за ставање под контрола на вирусот.

Давањето пари или други награди за информации за политичка или социјална непослушност има долга историја во Кина, но пандемијата покажа ново лице во пракса. Оние кои се решени да не бидат тестирани ќе мора да одат во двонеделен карантин и од нив се бара да го полагаат тестот на свој трошок.

Кина во голема мерка го контролираше локалното пренесување на вирусот преку мерки што според некои се многу екстремни, вклучително и затворање на цели градови и електронско следење на забраните за патување во делови од земјата.

Загрижени за новиот бран на инфекции, кинеските власти апелираат до граѓаните да не патуваат за претстојната прослава на лунарната Нова година и наредија училишните одмори да започнат една недела порано.

Во провинцијата Хебеи воведена е строга забрана за движење на жителите и се суспендира целиот јавен превоз.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote