in

СлаткоСлатко

Најбрзиот лифт на светот стигнува до 121 кат за помалку од една минута (ВИДЕО)

Shànghǎi Zhōngxīn Dàshà, што во буквален превод би било: „Централна зграда на Шангај“, не само што може да се пофали дека е највисоката зграда во Кина и втора највисока зграда на Земјата, туку има и лифт што оди како куршум.

Најбрзиот лифт во светот се движи со неверојатна брзина од 73,8 километри на час. За споредба, тој е дури побрз од Усеин Болт, но сепак малку побавен од гепардот, најбрзото копнено животно во светот. Лифтот NexWay на јапонската Mitsubishi Electric Corporation, минува 121 кат за 53 секунди, но оние кои се возеле велат дека изгледа како воопшто да не оди толку брзо. Благодарение на напредната технологија за прилагодување на воздушниот притисок, лифтот изгледа како да се лизга.

 

Облакодерот од 128 ката и висок 632 метри бил отворен во 2015 година, а церемонијата на сечење лента за палубата за набљудување на 118 кат (највисокото ниво на набљудување во затворен простор во светот) се одржала во 2017 година.

Хотелот Ј, кој бил отворен во 2021 година на горните катови на облакодерот Шангај, се наоѓа високо како две Ајфелови кули и го зафаќа просторот помеѓу 86-от и 98-от кат на зградата, вклучува 165 соби и апартмани со површина од 61 до 380 квадрати метри.

Посебно задоволство е да се искачите на 120-тиот кат на облакодерот, каде што се наоѓа застаклениот кантонски ресторан Heavenly Jin, кој нуди спектакуларен поглед на Шангај.

 

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote