in

Што?Што?

Најчести показатели дека на телото му недостасува калиум

Ако јадете многу храна од кеса или кутија, веројатно имате премалку калиум во телото, тврди нутриционистот Лорин Блејк од „Wexner Medical Center“ во Охајо.

 

Калиумот обезбедува правилна контракција на мускулите во телото, ги регулира телесните течности и балансот на минералите во телото.

Исто така, ги ублажува ефектите од прекумерното консумирање сол, што е проблем со кој се соочуваат многу луѓе во светот.

Покрај тоа, ги штити крвните садови од оштетување и згуснување и го намалува високиот крвен притисок.

Најчестите знаци на недостаток на калиум се следниве:

Замор
На телото му треба калиум за нормално функционирање. Ако сте постојано уморни, но спиете колку што треба, причината може да биде недостатокот на калиум, тврди Лорин Блејк.

Заморот може да биде последица и на стрес, лоша исхрана и недостиг на сон, кои исто така се проблеми поврзани со недостаток на калиум во организмот, пренесува Zapozdena.hr.

Мускулни грчеви
Кога нивото на овој минерал во телото е ниско, поединецот доживува болка и грчеви во текот на денот или додека вежба.

Чувство на слабост и вртоглавица
Количината на калиум може да варира во текот на денот, а голем пад на овој минерал во телото може да доведе до забавување на отчукувањата на срцето, па ќе се чувствувате како да се онесвестите.

Ова не е вообичаено, но доколку ви се случи, задолжително посетете лекар, предупредува нутриционистот. Не игнорирајте дури и ако чувствувате пецкање во рацете и нозете.

Висок крвен притисок
Без соодветни количини на калиум во телото, крвните садови може да се стеснуваат, што доведува до висок крвен притисок.

Исто така, внимавајте на палпитациите на срцето – најважниот мускул во телото не може да работи добро кога има нерамнотежа на натриум и калиум во телото.

Постојана надуеност
Телото има проблеми со регулацијата на солта кога на телото му недостасува калиум. Сето ова може да доведе до надуеност. Ако често сте подуени, ова може да биде една од причините.

Како ви се допаѓа?

1 поен
Upvote Downvote