in , ,

СлаткоСлатко

Најчесто презиме во САД е Смит: Дали знаете кое е во Македонија?

Најчестото презиме во Македонија е Стојановски. Речиси секој од нас има по еден пријател или познаник кој се празива вака, зар не? Според статистиката, останатите најчести презимиња во Македонија се: Николовски, Јовановски, Петровски и Ивановски.

 

Албанија – Хоџа, изведенка од персискиот збор „khawaja“, кој означува „господар“.

Андора – Гарсија, збор со шпанско или португалско потекло, кој означува „мечка“.

Австрија – Грубер, изведенка од германскиот збор „groube“ кој означува „дупка“. Се однесува на „лице кое живее во низините“.

Белорусија, Бугарија – Иванов, означува „син на Иван“.

Белгија – Питерс, изведенка од зборот „petrus“, кој означува „камен“ или „карпа“.

Босна и Херцеговина – Хоџиќ, слично како албанското презиме Хоџа и означува „син на господар“.

Кипар – Георгиу, означува „син на Георгиос“.

Црна Гора – Поповиќ, изведенка од зборот поп и означува „син на свештеник“.

Чешка – Новак, збор со словенско потекло, кој означува „дојденец“.

Данска – Јенсен, кратенка од „син на Јоханис“, а Јоханис значи „ Јехова ме благослови со син “, т.е. „благословено дете“.

Ерменија – Грегоријан, изведенка од грчкиот збор „gregorios“, што значи „буден“.

Естонија – Там, што во превод значи „даб“.

Финска – Корхонен, изведенка од зборот „korho“, што значи „глува личност“.

Франција – Мартин, изведенка од името Марс, бог на војната во римската митологија.

Германија, Швајцарија – Милер, означува „мелничар, оној што меле жито“.

Грција – Пападопулос, изведенка од зборовите „papas“, што значи „свештеник“, и „poulus“, што значи „син“. Во комбинација, ова презиме значи „син на свештеник“.

Холандија – Де Јонг, што во превод значи „млад“.

Хрватска – Хорват, презиме кое, буквално, означува – Хрват.

Унгарија – Наги, што во превод значи „голема или моќна личност“.

Исланд – Јонсдотир, означува „ќерка на Јон“.

Ирска – Марфи, доаѓа од галското име „O Murchadha“, што значи „потомок на морскиот воин“.

Италија – Роси, означува „личност со црвена коса и румено лице“.

Косово – Красниќи, изведенка која ги означува потомците на племето Красниќи од северот на Албанија.

Латвија – Берзинш, што во превод значи „оној што живее меѓу брезите“.

Лихтенштајн – Бихел, изведенка од германскиот збор за рид, а означува „оној што живее на ридот“.

Литванија – Казлаускас, означува „личност од Козлов“.

Луксембург – Шмит, слично на англиското презиме Смит, кое означува „лице кое работи со метал“.

Малта – Борг, што во превод значи „тврдина“.

Молдавија – Русу, означува „личност која потекнува од Русија“.

Монако – Роси, иако Роси во моментов е најчестото презиме со 89 жители , тие имаат голема конкуренција од луѓето со презимето Лоренцо, од кои моментално има 67.

Норвешка – Хансен, старонордиски збор што означува „луѓе кои измислуваат песни“.

Полска – Новак, збор со словенско потекло, кој означува „дојденец“.

Португалија – Силва, што во превод значи „лице кое доаѓа од грмушки“.

Романија – Попа, изведенка од романскиот збор за свештеник.

Сан Марино – Гасперони, потекнува од латинскиот збор „gasparus“, што означува „оној кој го чува богатството“.

Србија – Јовановиќ, означува „син на Јован“.

Словачка – Варга, доаѓа од унгарскиот збор за чевлар.

Словенија – Новак, збор со словенско потекло, кој означува „дојденец“.

Шпанија – Гарсија, збор со шпанско или португалско потекло, кој означува „мечка“.

Шведска – Андерсон, означува „син на Андерс“, а Андерс доаѓа од грчкиот збор „andreious“, што значи „мажествен“.

Турција – Јилмаз, што во превод значи „непопустлив, нефлексибилен“.

Украина – Мелник, руска верзија на презимето Милер – „оној што меле жито“ .

Велика Британија – Смит, означува „лице кое работи со метал“.

Ватикан – Бахман, дури четири лица во Ватикан го имаат тоа презиме.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote