in

ВО ПОЛСКА ОТВОРЕН НАЈДЛАБОКИОТ БАЗЕН ВО СВЕТОТ!

Најдлабокиот базен на светот, со длабочина од 45,5 метри, наменет за нуркачи, беше отворен викендов недалеку од Варшава. Наречен е „Deepspot“ и е полн со имитација на подводни пештери и урнатини на Маите, а исто така има и помал бродолом наменет за истражување.

Базенот е исполнет со 8.000 кубни метри вода, што е дваесет пати повеќе од волуменот на стандарден базен долг 25 метри.

За разлика од обичните базени, Deepspot може да прими клиенти за време на пандемијата на Ковид-19, бидејќи е вклучен во категоријата нуркачки центар каде што се одржуваат курсеви за нуркање.

Предвидена е и изградба на хотел, чии соби ќе понудат поглед на внатрешноста на базенот и нуркачите.

„Ова е најдлабокиот базен на светот“, гордо изјави за AFP директорот на Deepspot, Михал Бразински (47) по церемонијата на отворањето во саботата.

Претходниот рекорд, запишан во Гинисовата книга на рекорди, го држеше базенот Монтеготото Терме во Италија, чиј вертикален пад беше 42 метри.

Но, се чини дека полскиот базен наскоро ќе падне на второто место, бидејќи во Велика Британија следната година планираат да го пуштат во употреба базенот „Син амбис“, кој ќе биде длабок 50 метри.

„Иако овде нема убави риби или корални гребени, ова е навистина добро место за обука и подготвување за нуркање во вистинското море или океан“, коментира Пржемислав Капрзак (39), инструктор по нуркање.

Базенот ќе го користат пожарникарите и армијата и во него ќе се тестира разновидна опрема.

Изградбата на Deepspot траеше две години, чинеше околу 8,9 милиони евра, а во неа беа искористени околу 5000 кубни метри бетон.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote