Аранчини ди ризо се пржени топчиња од ориз полнети со сирење или некоја друга намирница. Ова традиционално италијанско јадење – обично се подготвува кога треба да го консумирате вишокот рижото од претходниот ден …
Потребни состојки:
- 300 гр варено рижото (или варен ориз)
- 150 грама лебни трошки
- 1 јајце
- 4 лажици рендан пармезан
- грст исецкан магданос
- сол и црн бибер по желба
Начин на подготовка:
- Во рижото (или варен ориз) додадете јајце, трошки од леб, рендан пармезан, свеж магдонос и зачини, измешајте сè добро додека не добиете леплива смеса.
- Направете топчиња со големина на топче за голф од добиената мешавина. Со палецот направете дупка на средина од топката и наполнете ја со сирење или некој друг фил како сос од болоњезе.
- Повторно измесете ја топката и натопете ја во јајцето, а потоа во трошките од леб.
- Пржете ги на врело масло неколку минути додека не добијат златна крцкава кора.
- Послужете ги со сос по желба.
На здравје и добар апетит 🙂
Коментари
Loading…