in

Најголемиот зајак во светот е украден, следи награда за пронаоѓачот! [ФОТО]

„Најголемиот зајак на светот“ е украден во Англија, внесен во Гинисовата книга на рекорди, а сопственикот му нуди награда од 1.000 фунти на пронаоѓачот.

Според полицијата, зајакот Дариус долг 1,29 метри бил украден ноќта помеѓу саботата и неделата. Сопственичката на зајакот Анет Едвардс му понудила награда од 1.000 фунти на пронаоѓачот на Twitter, наведувајќи дека зајакот, стар 11 години, е премногу стар за да има наследници.

„Секое животно е индивидуа која не може да се замени“, изјави Едвардс (68), поранешен модел на Playboy.

Според сопственикот, Дариус има посебна диета поради неговата возраст, без која може да умре.

Во 2010 година, зајакот Дариус беше прогласен за „најголем жив зајак“ во светот.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote