in

Научниците проценуваат дека 536 година била најлошата година во историјата на човештвото!

И покрај Првата и Втората светска војна и различните чуми како што се шпанскиот грип, СИДА-та и вирусот корона, научниците проценуваат дека најлошата година во историјата на човештвото била 536 година, затоа што тогаш вулканска ерупција предизвикала 18 месеци темнина на земјата.

„Тоа беше почеток на најлошиот период за човештвото, ако не и најлошата година“, изјави историчарот на Харвард, Мајкл МекКормик, за списанието „Сајанс магазин“.

Таа година, мистериозна магла позната денес како резултат на вулканска ерупција ги покри Европа, Блискиот исток и делови од Азија, проследени со 18 месеци темнина.

„Сонцето беше без осветленост, блескаше слабо цела година, како Месечината“, забележа Прокопиј, византиски историчар од тоа време. Тоа лето, температурата варираше од 1,5 до 2,5 степени Целзиусови, со што започна најстудениот период во последните 2.300 години.

Во Кина паѓаше снег, што предизвика да не успеат земјоделските култури и луѓето да гладуваат. Во следните години, ситуацијата започна да се влошува.

Така, во 541 година, во римското пристаниште Египет се појави чума, која започна брзо да се шири.

Од чумата загинаа меѓу една третина и половина од населението на Источното римско царство, што, според МекКормик, го забрзало неговото опаѓање.

Чумата се прошири низ целиот Медитеран, Европа и Блискиот Исток.

Некои историчари сметаат дека пандемијата на чума била една од најлошите пандемии досега, па се наведува дека убило околу 100 милиони луѓе, односно половина од светското население во тоа време.

Патем, историчарите веќе долго време шпекулираат за потеклото на маглата што се појавила во 536 година. Само пред две години, анализата на мразот од швајцарски глечер утврди дека вулканска ерупција се случила на Исланд таа година, а пепелта се проширила низ северната хемисфера.

Следувале уште две ерупции, во 540 и 547 година. После тоа дојде чумата што предизвика економски колапс во Европа, која траеше до 640 година.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote