in

СлаткоСлатко

Во Амберг се наоѓа најмалиот хотел на светот

Прекрасниот Амберг е баварски град во југоисточниот дел на Германија, кој се наоѓа на брегот на реката Вилс и е едно од оние места каде што нема да сретнете многу туристи.

Благодарение на железната руда, градот во минатото имал доволно ресурси за да изгради моќна тврдина, која некогаш имала околу сто одбранбени кули. Затоа не е чудно што и во средниот век Михаел Швајгер рекол: „Минхен е најубавиот кнежествен град, Лајпциг е најбогат, но Амберг е најбезбеден“.

Разгледувањето на местото можете да го започнете од железничката станица на источната страна на стариот град, а потоа да ја следите патеката што води надвор од градските ѕидини. Веднаш зад аголот е Набургер тор (Портата на Набург). Во минатото, кулите околу таа врата служеле како зандани за криминалците и непријателите.

Еден од најдобрите начини да се впие локалната атмосфера е да го посетите плоштадот „Марктплац“, кој е особено жив во саботите, бидејќи тогаш најголемиот број продавачи на своите штандови продаваат широк спектар производи. На јужната страна стои „Св. Мартин“, готска католичка црква изградена во 1421 година. Кулата висока 92 метри била додадена 300 години подоцна.

Ќе го видите и Ратхаус (Градското собрание) од 14 век, со прекрасните скали и балкон. Ако се спуштите до реката, можете да одите на патување со брод или сплав за време на викендот и да го посетите Музејот за воздухопловство или „најмалиот хотел на светот“.

Која е приказната поврзана со него?

За да помине поевтино, германски младоженец изградил куќа на простор малку поголем од два метра меѓу две згради во Семинаргас. Оттогаш, куќата, која денес служи како луксузен хотел, се нарекува „Ехе-хаус“, што значи брачна куќа на локалниот дијалект. Иако е тесен, хотелот на своите гости им нуди спална соба, бања и салон со камин.
Со оглед на тоа што хотелските работници немаат каде да престојуваат, гостите се сосема сами во хотелот.
Според легендата, која звучи и како одличен маркетиншки трик, оние двојки кои ќе преноќат таму ќе имаат среќа во љубовта. Цената за ноќевање во хотелот е 240 евра.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote