in

Најмалку 92 лица загинаа во ПОЖАР во болница во Ирак.

Најмалку 92 лица загинаа, а повеќе од 100 се повредени во пожар во болницата Ал Хусеин во Насирија, Ирак.

Се наведува дека директорот на болницата и шефот на цивилната одбрана на провинцијата Ди Кар биле сослушани од полицијата и прогласена е вонредна состојба во провинцијата Ди Кар.

Пожарот бил предизвикан од експлозија на боца со кислород. “Жртвите починаа од изгореници, а потрагата продолжува”, изјави Хаидар ал-Замили наведувајќи дека во тој оддел на болницата има 70 кревети. Медицински извор рече дека успеале да евакуираат 20 пациенти од зградата што гори.

Лекар во болницата рече дека во зградата немале ниту основни безбедносни мерки.

Пред околу три месеци, повеќе од 80 лица го загибија животот во слична трагедија во болница во Багдад, кога пожар беше предизвикан од експлозија на боца со кислород.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote