in ,

Што?Што? ТаженТажен

Најпосакуваниот актер на светот призна: Цел живот сум НЕСРЕЌЕН И ОСАМЕН, речиси депресивен

Во трогателно интервју за магазинот „GeKu“, актерот отворено зборува за деталите од својот живот и за некои ситуации за кои јавноста не знаела. Навраќајќи се на изминатите години, тој открива што му пречело во текот на животот и дали секогаш бил среќен.

 

Раскошот и гламурот што го прикажува холивудскиот свет е сликата што обичните луѓе ја имаат за познатите личности. Меѓутоа, кога ќе погледнете подлабоко, познатите личности се соочуваат со многу тешкотии и предизвици во животот, исто како и другите луѓе. А најубавите меѓу нив често се и најосамените.

Бред Пит никогаш не криел дека често се чувствува депресивно во бракот со Анџелина. Причина за тоа биле несогласувањата од последните години од бракот и природата на Анџелина, која можела да биде многу незгодна.

Сега актерот откри и други детали од својот живот. Се чини дека причината за неговите депресивни состојби не била само Анџелина, туку често, како што рекол, се чувствувал осамено, дури и како дете.

– Отсекогаш сум се чувствувал осамено во животот. Растејќи сам, како дете, дури и сега. Среќата дури неодамна ја достигнав во прегратките на семејството и пријателите – изјави познатиот актер во трогателно интервју.

По болниот развод, актерот успеа да најде позитивност и од таа приказна излезе со крената глава. Тој за магазинот „ГеКу“, чија насловна го краси августовскиот број, изјавил дека радоста ја открил подоцна во животот и дека многу години поминал во депресија, која ја нарече „депресија со низок интензитет“.

– Каква е таа линија, дали е Рилке или Ајнштајн, верувале или не, но тоа е нешто како да живееш со парадокс, кога чувствуваш болка и радост во исто време, тоа е зрелост, тоа е раст – рекол Пит.

Тој во искрена исповед откри дека и покрај тоа што со години бил изолиран и повлечен на некој начин, во 2016 година успеал да најде излез од тешката ситуација со алкохолот. По разводот со Анџелина Џоли, тој извесен период присуствуваше на состаноци на анонимни алкохоличари, со група мажи каде што наиде на разбирање и со кои добро работеше, бидејќи групата беше приватна и избрана и се беше безбедно.

Тој откри и дека долги години имал проблем за време на спиењето, сонувал ист сон како некој што го прогонува и сакал да го прободе. Будејќи се во страв, не му беше јасно зошто тоа се случува.

– Не разбрав зошто сакаа да ме повредат. Ова престана пред две години, кога почнав повторно да спијам и да прашувам: зошто?

Музиката и уметноста му помогнаа да не се чувствува осамено и ги смета за нешто необјасниво што го прави да се чувствува посебно.

Пит најави и крај на кариерата, бидејќи смета дека улогите кои ги добил повеќе не ги задоволуваат неговите стандарди и афинитети. Наскоро ќе се појави во акционо-комедискиот трилер „Bullet Train“ во кој глуми убиец кој се опоравува по прегорување и се враќа на својата работа со погрешно чувство на самодоверба. Како што рече тој е во последната четвртина од кариерата.

Како ви се допаѓа?

-1 поени
Upvote Downvote