in ,

СмешноСмешно

„Најсмешниот виц на светот“ повторно кружи на интернет!

„Најсмешниот виц на светот“ повторно кружи на социјалните мрежи, благодарение на видеото на популарниот канал на Youtube „AsapScience“, кое објаснува зошто овој виц е толко смешен.

Најсмешниот виц на светот“ е терминот што го употреби Ричард Вајсман, професор по психологија на Универзитетот во Хертфордшир, за да ги сумира резултатите од едно од неговите истражувања во 2002 година. За неговиот експеримент, наречен LaughLab, тој создаде веб-страница на која луѓето можат да оценуваат и да испраќаат шеги, а најсмешната со над два милиони гласови беше предметната шега во видеото на AsapScience.

Подоцна се испостави дека шегата е дел од скицата на британско-ирскиот актер, комичар и писател Спајк Милиган од 1951 година.

Еве како гласи вицот (можете да го слушнете на видеото во 7:10 минута):

Двајца ловџии се во шума и едниот колабирал. На другиот му изгледало како да не диши, а очите му биле зјапнати, затоа преку мобилен испаничено повикува прва помош:
–„Ало, мојот пријател е мртов! Што да правам?“
Операторот од другата страна со смирен глас му вели:
–„Не паничете, најпрвин мора да се увериме дека навистина е мртов..“
Од другата страна се слуша истрел, а човекот вели:
–”Добро, мртов е, што сега?”

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote