in ,

СлаткоСлатко

Најстарата риба во аквариум има 90 години и обожава да се гали

Риба, која има надживеано дури и многу луѓе, живее во аквариум во музеј во Сан Франциско, а со возраст од 90 години биолозите веруваат дека е најстарата во светот. Но, рибата наречена Метузалем е посебна и по други работи.

 

Името го добила по најстариот споменат човек во Библијата за кој, според преданието, се верува дека живеел 969 години. Неговото име е симбол на длабока старост, а Метузалем бил дедо на Ное.

Рибата е долга 1,2 метри и има околу 18 килограми. Во музејот е донесена во 1938 година. Иако поради ризикот од вадење крв никогаш официјално не е утврден нејзиниот пол, се верува дека е женка.

Нејзиниот чувар, биологот Алан Јан тврди дека оваа риба не е како останатите. Таа е нежно суштство кое ужива да се гали и сака друштво на луѓе.

„Некогаш се плаши, но всушност е доста мирна“, тврди тој и додава дека обожава да јаде свежи смокви.

„Сака да грицка и боровинки, грозје, школки и дождовни црви“, вели Чарлс Делбек, куратор на музејот во чиј склоп е аквариумот.

Јавноста дозна за Метузалем уште во 1947 година кога за неа се пишувало како за „чудно суштество“. На научниците овие риби им биле познати како еволуциска врска меѓу риби и водоземци, со оглед на тоа што имаат и шкрги и бели дробови.

Метузамел до пред неколку години имал и „роднина“ во аквариум во Чикаго, но починал во 2017 година. Пред смртта, се верувало дека тоа е најстарата жива риба во аквариум.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote