in

WTFWTF Што?Што?

Дали е ова најтешката оптичка илузија досега? Само 1% од луѓето можат да забележат џиновска жирафа

Оваа оптичка илузија стана многу популарна на сите социјални мрежи за помалку од еден ден

Доколку сакате криенка и загатки, веруваме дека оваа оптичка илузија многу ќе ви се допадне. Сепак, мора да ве подготвиме за една работа – трпението е клучно и навистина ќе ви треба.

Оваа оптичка илузија вчера ги преплави социјалните мрежи и остави илјадници луѓе збунети. Имено, на прв поглед изгледа како на илустрацијата да има само зелени листови; сепак, авторите на илузијата сокриле една жирафа, а ваша задача е да ја пронајдете.

Кога станува збор за пронаоѓање, тука доаѓа трпението. На социјалните мрежи може да се прочитаат коментарите на луѓето кои тврдат дека жирафата не постои и дека е невозможно да се најде.

– Се предавам. Поминав два часа гледајќи ја илустрацијата и не можам да видам ништо. Ме болат очите, но и мозокот – напишал еден маж.

 

Дали успеавте да ја забележите?

Според авторите на загатката, треба да ги фокусирате очите на нешто друго додека илустрацијата е пред вас. Тогаш, тврдат, ќе се појави жирафата.

Исто така, велат тие, можете да се обидете да го ставите носот многу блиску до илустрацијата и полека да ги движите главата и телефонот, односно додека не видите жирафа која е на половина од сликата.

Дали успеавте да ја пронајдете жирафата? Споделете со нас во коментарите.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote