in , ,

СлаткоСлатко

Дваесет најубави плажи во Европа

Наваџо, Закинтос, Грција

Островот Закинтос е многу популарен за туристите од целиот Балкан, а го сметаат за вистинско парче од рајот во Јонско Море. Тука е скриена најпознатата грчка плажа, на која се наоѓаат остатоците од славниот брод „Панагиотис“. Околу неа има варовнички карпи, а самата плажа е толку изолирана, што до неа може да стигнете само со брод. Нејзината убавина може да ја видите од висина, стоејќи на широката платформа, поставена на камени скалила.

Островот Фаро, Шведска
Островот Фаро е омилената летна дестинација за Швеѓаните. Целиот е од варовник, а многубројните карпести формации го прават исклучително живописен. Токму поради тоа, познатиот шведски режисер Ингмар Бергман се вљуби во овој остров, па реши на оваа локација да сними шест играни филма и една серија.

Островот Риген, Германија
Ова е најголемиот германски остров, со должина од дури 52 километри. Лежи во Балтичко Море и е дел од сојузната држава Мекленбург. Вкупната должина на крајбрежјето изнесува 574 километри, збогатено е со многу заливи и големи полуострови.

Плажата Елафониси на Крит
На југозападната страна од островот Крит се наоѓа плажата Елафониси, која според многумина е рај на земјата. Импресионира со белиот и розовиот песок и со тиркизната боја на водата. Елафониси во превод значи остров на елените.

Сан Фрутуозо, Лигурија, Италија
Сан Фрутуозо се наоѓа на половина пат помеѓу Портофино и малото гратче Камољи. Атрактивноста на заливот е во неговата скриена локација, до неа може да се дојде само со пешачење од Портофино или, пак, со бротче.

Квалвика, Лофотен, Норвешка
Плажата Квалвика ќе ве воодушеви со природата. Опкружена е со планини, а водата во морето е бисерно чиста.

Кала Макарела, Менорка, Шпанија
Мирната Кала Макарела се наоѓа на југозападниот брег на Менорка. Таа е идеална за бегство од пренатрупаните плажи на блиските острови Мајорка и Ибица. До неа ќе мора да пешачите, но нејзиниот фин, ситен песок и прекрасната тиркизна вода се вредни за вашиот труд.

Свети Стефан, Црна Гора
Свети Стефан е полуостров и туристичка населба во Црна Гора, кој административно ѝ припаѓа на општината Будва. Тој е најважното црногорско летувалиште и спаѓа во една од најлуксузните туристички дестинации по должината на Јадранско Море.

Дардл Дор, Велика Британија
И во Велика Британија може да најдете една неверојатно убава плажа, која може да се пофали со огромен лак од камења. Се наоѓа во близината на Лулворт во Дорсет, Англија.

Саракинико, Милос, Грција
Милос е најоригиналниот и најчесто посетуван остров на Кикладите. Неговата убавина произлегува од фактот што Милос е вулкански остров, на кој може да најдете камења и карпи со неверојатни облици и бои. На островот има и голем број пештери. Плажата, која е најпривлечна за сите луѓе што доаѓаат на островот Милос, е токму Саракинико. Позната по својот уникатен бел пејзаж, кој изгледа речиси нестварно, таа е секако една од најубавите плажи во Европа.

Олудениз, Турција
Олудениз е една од најубавите плажи во Турција, позната и под името сина лагуна. Поради стабилната клима и прекрасниот панорамски поглед, оваа плажа е една од најпознатите и најпопуларни локации за параглајдерство во светот.

Плажата со црн песок
(Рејнисфјара), Вик, Исланд
Плажата Рејнисфјара едноставно ќе ве воодушеви со својот црн песок и со прекрасните карпи.

Плажата Ласкентаир
и островот Харис, Шкотска
Околу шкотскиот брег лежат повеќе од 800 острови, но можеби Харис е најсоодветен од сите, во случај да барате плажа што ќе ви го одземе здивот од убавина. Прошетајте релаксирано по славната плажата Ласкентаир и уживајте во белиот песок и кристално чистото море.

Праја да Мариња, Португалија
Украсена од прекрасните карпести падини и чистата, пријатна вода, Праја да Мариња (морнарска плажа) е веќе целосно етаблирана како една од најубавите плажи не само во Португалија, туку и во светски рамки. Најпозната е по своите прекрасни стрмни карпи, мекиот песок и мирните морски води.

Златен ’Рт, Брач, Хрватска
Оваа плажа се протега речиси половина километар директно во морето. Таа е исто така и природен феномен, бидејќи никаде во светот не постои плажа со ваков облик. Не постои разгледница од хрватското крајбрежје на која не се наоѓа Златниот ’Рт. Според светската туристичка платформа „Биг 7 тревел“, токму оваа плажа неофицијално е прогласена за најубава во светот.

Островите Кес, Шпанија
Островите Кес се состојат од 9 плажи со фин, бел песок и многу чиста вода. Туристите ги обожаваат, бидејќи изгледаат природно и некомерцијализирано. Тука нема ниту хотели, ресторани, ниту пак канти за отпадоци.

Островот Поркеролес, Франција
На ова рајско парче од француската ривиера ќе најдете мир и спокој, зашто изгледа како да е недопрено од времето и туризмот. Се наоѓа помеѓу Марсеј и Кан.

Кала Тонарела, Италија
Ако барате осамени плажи без многу луѓе, тогаш Сицилија е вашиот вистински избор за одмор. Кала Тонарела се наоѓа во природниот резерват Зингаро и до неа не може да стигнете со автомобил.

Тисвилде, Данска
Ако сакате да ја посетите Данска, секако не изоставајте го селото Тисвилде, кое се наоѓа на еден час возење северозападно од Копенхаген. Пејзажот и локалното население ќе ве одушеват, а вредните домаќини ќе ви донесат појадок од колачиња со цимет и убаво кафе директно на плажата.

Капе Греко, Кипар
Оваа плажа се наоѓа во медитеранското одморалиште Аја Напа. Идеална е за планинарење и за љубителите на пливачки авантури. Морските пештери се идеални за оние со истражувачки дух, а околните шуми се како создадени за долги, здрави прошетки.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote