in

Најубедливите победи во историјата на европското првенство!

Само еднаш во историјата на Европските шампионати се случи една екипа да прими шест гола на еден натпревар. За жал, тоа беше репрезентацијата на Југославија.

Но, тоа не е крај на негативните записи на поранешниот Југ. Во овој текст се потсетуваме на најубедливите триумфи на Еврото. Рекордот го делат четири репрезентации кои ги победија своите противници со пет гола разлика. Двапати, екипата на „Сините“ се најде на спротивната страна. Југо-носталгичари, можеби е подобро да не го читате овој текст, што велите?

1984 година: Франција – Белгија 5:0

Домаќините на Еуро 1984 ја совладаа Данска со 1-0 на отворањето на турнирот, но потоа следеше вистински фестивал на голови против Белгијците.

Платини ги предводеше „Триколорите“, забележувајќи хет-трик што успеа да го повтори на следниот натпревар, завршувајќи го турнирот со рекордни девет погодоци.

1984 година: Данска – Југославија 5:0

На истиот шампионат, во иста група, дури и истиот ден, Данците ги декласираа Југословените со ист резултат како Французите. Претходно, за 24 години, никогаш не се случило некој да загуби со пет гола разлика на еврото, а потоа тоа го видовме двапати во ист ден.

Југославија остана без двајца исклучени играчи во првите 16 минути, Скандинавците веќе водеа со 2: 0. Во последните 20 минути Данска ја победи деветчлената репрезентација на Југославија со три гола.

2000 година: Холандија – Југославија 6:1

Ивица Краj останува единствениот голман во историјата на Европските првенства кој прими шест гола на еден натпревар. За тоа може да му се „заблагодари“ на Патрик Клајверт, кој тој ден шеташе низ одбраната на Југославија, но Марк Овермарс не ни зададе помалку главоболки.

На крајот, три гола на Кливерт, два на Овермарс и еден автогол на Говедарица. Голот на Милошевиќ во самиот финиш само го намали срамот.

2004 година: Шведска – Бугарија 5:0

Бугарите нема да го паметат Евро 2000, каде беа убедливо најлошата екипа во групата. Поминаа низ најлошото против Швеѓаните.

Ветеранот Хенрик Ларсон со два, и Ибрахимовиќ, Албак и Линберг со еден погодок ја огорчија репрезентацијата на Бугарија, која само по втор пат настапи на Европските првенства.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote