in

6 МИЛИОНИ луѓе се воодушевија! Највкусната слатка погача, нема да застанете само на 1 парче!

Совршено мека, отсега само вака ќе правите слатка погача!

Не е комплицирано за подготовка, а вкусот ќе ве полуди.

Состојки:

  • 80 мл топло млеко
  • 1 лажица сув квасец
  • 300 гр брашно
  • 5 гр сол
  • 30 гр шеќер
  • 1 јајце
  • 1 дл течна павлака
  • 50 гр суви брусници (може и друго суво овошје по вкус)

Подготовка:

Промешајте го квасецот во топло млеко и оставете го да „надојде“ пет минути. Измешајте брашно, сол и шеќер, а потоа додадете течна павлака, јајце и квасец и замесете меко тесто. Покријте и оставете еден час на собна температура да се удвои. Брусницата исецкајте ја. Премачкајте плех со дијаметар од 20 см и длабочина од 7 см, а потоа наредете го со хартија за печење и повторно подмачкајте го. Поделете го тестото на пет еднакви делови. Обликувајте го секој во топка. Покријте со фолија за храна и оставете го 15 минути. Секоја топка превртете ја во форма на елипса, а потоа исечете ја на тенки ленти со нож (на половина). Наредете една петтина од брусницата на долниот (несечен дел), па превртете ги во ролна. Направете го истото со преостанатите четири дела. Наредете во плех. Покријте со фолија за храна и оставете го на собна температура еден час да се удвои. Се премачкува со свежо млеко и се пече во рерна загреана на 170 степени C, помеѓу 17 и 20 минути.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote