in

Намаз од лешник

Совршен намаз од лешник и чоколадо.

Состојки:

  • 300 мл слатка павлака
  • 2 ванилин шеќер
  • неколку капки арома на ванила
  • 200 гр печени излупени лешници
  • 230 гр млечно чоколадо
  • 2 лажици какао
  • 75 гр путер

Подготовка:

Сомелете ги лешниците и изрендајте или исечкајте го чоколадото.

Во сад ставете слатка павлака, ванилин шеќер и неколку капки арома на ванила. Загревајте на умерена температура до точката на вриење, мешајќи постојано за да се раствори шеќерот.

Додадете ги лешниците и варете на умерена температура околу 10 минути со постојано мешање. Извадете го од шпоретот, а потоа ставете ја смесата во блендер за да добиете мазен крем.

Вратете го кремот од лешник на шпоретот. Додадете путер, чоколадо и какао и мешајте додека не се стопи чоколадото.

Оставете малку да се излади, па истурете во тегла, добро затворете ја и оставете ја да стои на ладно место преку ноќ.

Од оваа количина треба да добиете околу 3/4 литри намаз.

На здравје!

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote