in

Што?Што?

БИЗАРНО! Намерно искашлал врз неговата поранешна сопруга за да ја зарази со корона – сега ќе оди во затвор!

Маж во Австрија (63) бил осуден затоа што намерно ја заразил својата поранешна сопруга (70) со вирусот корона кашлајќи и врз неа.

Портпарол на регионалниот суд во Линц изјави дека 63-годишникот е осуден на девет месеци затвор, условно на три години, пишува Асошиејтед Прес.

Човекот беше осуден за обид за нанесување тешка телесна повреда поради намерно заразување на жртвата со ковид-19, во ноември минатата година, додека тие сè уште живееја во истата куќа, а пред да заврши разводот.

Обвинетиот, чие име не беше објавено, кашла над 70-годишникот откако дозна дека е позитивен на вирусот корона, изјави портпаролот на судот.

Мажот бил осуден и за закана на жртвата и лесна телесна повреда кога ја фатил за врат и ја убедил да ја напушти нивната заедничка куќа.

Исто така, му беше наредено да и исплати 1.000 евра отштета на неговата поранешна сопруга, која во меѓувреме се опорави од инфекцијата со ковид-19.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote