in , ,

СлаткоСлатко УбавоУбаво

НАМЕСТО КАФЕ: Направете мултивитамински сок

Би пиеле нешто наместо кафе за да ја зголемите енергијата, но што? Дали знаевте дека ова можете да го направите дома за една минута со овошје кое веројатно го имате при рака?

Чувствувате недостаток на енергија со доаѓањето на пролетта или уморни сте по напорниот тренинг. Можеби би можеле да се почестите со добар пијалок направен од здрава храна.

Речиси сите во куќата имаат соковник или блендер со чија помош за пет минути прават освежување за семејството. Во него направете лимонада, смути или некој мултивитамински сок на брз и лесен начин.

И знаеме колку се важни за нашиот имунитет и добро здравје. Не само што брзо ќе ни ја подигне енергијата, туку преку овој напиток ќе го почестиме нашето тело со вистинска витаминска бомба.

Зошто да не го направите овој оживувачки напиток кој ќе ви донесе насмевка на лицето и ќе ве одржи здрави?

Мултивитамински сок:
Состојки:

  • чаша свежо цеден сок од портокал
    100 гр исечен ананас, свеж или конзервиран
    банана исечена на парчиња
    киви исечени
    лимон, цеден сок
    лажица мед
    помало парче ѓумбир, исечкано
    половина чаша вода

    Подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер и миксајте ги на средно. По десет секунди го имате освежителниот сок.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote