in , ,

УбавоУбаво СлаткоСлатко

НАМИРНИЦИ ШТО МОЖАТ ДА СЕ ЈАДАТ ЦЕЛО ВРЕМЕ И ВО НЕОГРАНИЧЕНИ КОЛИЧИНИ

 

Кога сте на (строга) диета, тешко може да се одолее на вкусна храна. Сепак, постојат намирници кои можат постојано да се јадат и содржат минимално количество калории, па не претставуваат ризик за вашата тежина. И ако не сте на диета, важно е да ги вклучите овие намирници во вашата редовна исхрана.

 

  • ЦЕЛЕР е околу 95% вода и задоволува 30% од дневните потреби за витамин К. Најдобро е да се јаде свеж.
  • БЕЛКИ од јајца можат да се јадат во неограничени количини и особено им се корисни на оние кои се на строга диета.
  • МАРУЛА е полна со витамин А и Ц, како и со фолна киселина и железо. Речиси и да нема калории.
  • КРАСТАВИЦА содржи вода исто колку и целер. Кората е богата со бета-каротен, па подобро е да не ја лупите, но притоа мора добро да ја измиете.
  • КАРФИОЛ е одличен извор на витамин Ц и К и е најхранлив кога се јаде сиров.
  • ДОМАТ е полн со ликопен, витамин А, Ц и Б2, фолна киселина, хром и калиум. Исто така речиси да нема калории.
  • БРОКУЛА е омилена храна на оние кои сакаат да ослабнат зашто во 100 грама има само 33 калории, но и витамин А, Ц, Е и К.
  • ПУКАНКИ се практично воздух, особено ако ги правите без зејтин.
  • ГРАШОК има само 35 калории во една шолја и е богат со хранливи влакна и протеини.
  • ПОРТОКАЛ има само 47 калории во 100 грама. Содржи многу витамин Ц, а оние бели парчиња под кората што најчесто ги отстранувате се богати со влакна.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

1 поен
Upvote Downvote