in

СлаткоСлатко УбавоУбаво

10 намирници во третманот против анемија кои треба да се консумираат за време на зимскиот период

Composition with assorted raw organic vegetables. Detox diet; Shutterstock ID 598749548

Што е анемија?

Анемијата претставува состојба на апсолутно намалување на црвените крвни зрнца, односно на концентрацијата на хемоглобин. Овој недостиг предизвикува здравствени проблеми, затоа што благодарение на хемоглобинот се овозможува транспорт на кислородот до сите ткива во телото. А без кислород, не е можно нормално функционирање.

Не занемарувајте консултација со вашиот лекар доколку имате проблеми со вашето здравје.

Затоа за Вас составивме задоволство од намирници што се препорачуваат во секојдневната исхрана доколку страдате од анемија:

Секогаш се препорачува храна богата со железо.

1. Црвено месо

Железото во црвеното месо се наоѓа во форма што е покорисна отколку во другите растителни извори. Дополнителни причини во прилог на месото се протеините од месо кои го подобруваат неговото полесно варење.

Покрај тоа што е многу значаен извор на железо, црвеното месо содржи и низа други микроелементи важни за организмот како цинк, селен, калиум и голем број витамини од групата Б, вклучувајќи ниацин, рибофлавин, тиамин и витамин Б12.

Важноста на храна богата со железо, како што е црвеното месо, исто така е нагласена во сите упатства за исхрана за доенчиња и мали деца. Имено, железото игра значајна улога во раниот когнитивен развој на децата, развојот на метаболизмот и имунолошкиот систем.

2. Пилешко месо

Белото месо можеме да го покажеме како економичен еквивалент на црвеното месо.

Во 100 грама бело пилешко без коски има: 165 калории, 31 грам протеини, 4 грама маснотии (од кои 1 незаситен), 74 мг натриум.
Само 100 грама пилешко месо на ден ги задоволува нивните дневни потреби за железо, а вие ќе добиете значителна количина на витамин Б и цинк.

3. Риба

Витамин Б-12, кој игра важна улога во елиминирање на анемијата, изобилува во сите видови на риба.

4. Јајца

1 средно јајце задоволува 5% од дневната потреба на железо и 11% од дневната потреба на витамин Б-12. Јајцето е едно од нашите најмоќни оружја во борбата против анемијата.

5. Мешункасти плодови

Мешункастите плодови, како што се зелената и црвената леќа, наут, грав, црвен грав, грашок, се исто така извор на висока содршина на железо кои Ве заштитуваат од анемија.

6. Спанаќ

Спанаќот е еден од најбогатите природни извори на железо. Покрај железото, ова растение изобилува со витамин А и Е, калциум, растителни влакна и протеини.

Најдобро е спанаќот да се консумира сиров, но доколку не сте љубители на вкусот на сировиот спанаќ, вклучете го како додаток во пита, вегетаријанска лазања, омлет, супа и сл.

7. Меласа (пекмез)

20 грама меласа (пекмез) содржи 2 мг железо. Со својата содржина на железо, се препорачува како додаток во исхраната на луѓе кои имаат проблеми со анемија.

 

8. Цитрусно овошје

Соковата терапија од цитрусните овошја кои содржат витамин Ц го даваат својот бенефит за подобро апсорбирање на железото при конзумирњање половина час пред оброк и се добар избор против анемија.

 

9. Цвекло

Цвеклото е од голема помош во лечење на анемијата. Сокот од цвекло содржи патасиум, фосфор, калциум, сулфур, јод, железо, бакар, јаглехидрати, протеини, масти, витамините Б1, Б2, Б12, ниацин и витамин Е. Со неговиот високо застапен процент на железо, цвеклото помага во формирањето на црвените крвни клетки. Сокот од цвекло ја зајакнува моќноста на телото од отпор и се докажа како одличен лек против анемија, особено кај децата и тинејџерите, каде другите лекови откажаа во нивната способност.

10. Бадеми

Бадемите содржат бакар до 1.15 мг на 100гм. Бакарот заедно со железото и витамините, делуваат како каталисти во синтезата на хемоглобинот. Затоа бадемите се корисен лек за анемија. Седум бадеми треба да се потопат во зовриена вода и да одстојат околу 15-тина минути за да се излупи црвена лушпа. Од излупените бадеми се зема еднаш дневно наутро, во период од три месеци.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

1 поен
Upvote Downvote