Индонезиски истражувачи измислиле уред за откривање на инфекција со Ковид-19 преку здивот на пациентот.
Уредот, наречен GeNose C19, доби дозвола за дистрибуција од Министерството за здравство на Индонезија на 24 декември и наскоро ќе се произведе масовно, изјави министерот за истражување и технологија Бамбанг Бродјонегоро.
„Ќе произведеме уред за јавна употреба, така што економските активности ќе можат да течат непречено, истовремено спречувајќи потенцијално пренесување на вирусот“, рече Бамбанг.
Истражувачки тим од универзитетот Гаџа Мада развива GeNose C19 во последните девет месеци.
Бамбанг рече дека овој уред ќе се користи само со цел брзо откривање на вирусот и дека короната ќе продолжи да се дијагностицира со тестови за PCR.